| |

Аеродромот ќе се вика „Божидар Димитров“?!

„Трибуна“ ексклузивно дознава дека во духот на пријателството и добрососедството, меѓу Софија и Скопје премиерот Зоран Заев не останал глув за повиците на големиот пријател на Македонија и докажан промотер на македонштината, историчарот Божидар Димитров, последниот да добие булевар, плоштад или било што на негово име во Скопје.

Бидејќи, како што стана јасно, автопатот што води до шопинг-центарот Космос во Солун (сегашно име „Александар Македонски“), ќе се вика „Пријателство“, треба да се најде решение и за другиот објект со спорно име, а имено аеродромот во Скопје, еве прекрасна можност ликот и делото на Божидар Димитров да биде испочитувано од наша страна.

Опцијата, аеродромот да биде именуван на познатиот бугарски историчар, се разгледува од специјално создадена за тоа, владина комисија, составена од поранешни инернет ботови на претходната владеачка гарнитура, кои се експерти во полето на виртуелниот патриотизам и веќе со години се обидуваат да влезат во најтесниот семеен круг на професорот од Софија како зетови.

(Написите објавени во рубриката „Кромидарки“, се плод на имагинацијата на нашиот мал, но сплотен колектив. Тие не спаѓаат во така озогласената категорија fake news, бидејќи немаат за цел да шират страв омраза и параноја, туку се обид за малку поинаков поглед на нашата реалност. Се надеваме дека личностите спомнати во нашите написи, ќе погледнат на нашиот труд со чувство за хумор и нема да нѐ шетаат по судови 🙂 ).

 



Слични Објави