СДСМ стана фракција на ВМРО-ДПМНЕ*
Facebook статус на Ивон Величковски
Со денешното барање на Филипче за “гаранции” дека нема да има нови услови од Бугарија, СДСМ стана фракција на ВМРО-ДПМНЕ
На прв поглед – под притисок на се поактуелните корупциски афери, во кои двете партии се натпреваруваат која повеќе да предничи.
Но суштински – затоа што Мицкоски не може да објасни што всушност бара, откако Софија јасно порача: нема нови услови – со изјави и со формална резолуција.
И пред се затоа што југо-скопските партии мора да глумат гајтан на Белград за кој нема штекер ниту во Софија ниту во Брисел.
Мицкоски и Филипче заедно.
Сосе Меџити. Дали и Ахмети ќе продолжи со нив – ќе покаже со тоа дали ќе води политика со национален или само со етнички предзнак.
Кога во декември лани му дадовме рок на СДСМ да го поднесе потребниот уставен амандман, тоа личеше “преамбициозно” за едно “споредно” Движење.
Сега Ви е јасно зошто: од 16 јануари знаеме дека од парламентарната опозиција само ДУИ не се откажа од Преговарачката рамка. Од вонпарламентарната – ние.
Претопувајќи ја “Бихаќка” во политиката на ВМРО-ДПМНЕ, ова раководство на СДСМ завршува со своето опозициско и ЕУ-интегративно поставување.
Сега ги повикуваме неговите членови и преостанати коалициски партнери кои не ја следат вмровската политика на “Бихаќка” – да се поставиме заедно во одбрана на евроинтеграциите на нацијата на Северна Македонија и на македонскиот и останатите народи.
На една страна ние, на друга страна тие.
Впрочем, ова е основната линија на поделба одамна, а ја исцртавме со трагедијата во Кочани.
Да, истата трагедија што ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заедно ја игнорираат.
* Насловот е на редакцијата
