Во Кочани почнува проект за реинтеграција на младите во соработка со организации од Бугарија и Франција
Во Кочани денеска ќе започне проектот Y-REACH, чија основна цел е реинтеграција на младите преку меѓудисциплинарни пристапи. Истиот ќе се реализира преку програмата Еразмус +.
Вклучени во проектот се: Општина Св. Ана од Гвадалуп – Франција и невладината организација Men A Lespwa – Асоцијација за помош на реформската црква во Гвадалуп – Франција; Општина Пазарџик од Бугарија и НВО Фонд за превенција на криминалот ИГА од Бугарија, како и Општина Кочани и Здружението на Роми „Авена“ од Северна Македонија.
Од општина Кочани информираат дека целта на проектот е дизајнирање и имплементирање на меѓудисциплинарна програма за пренасочување на адолесценти.

