Во Ла Лига се реализираа 57 трансфери: Кој е победникот, а кој губитникот на овој преоден рок?

/

Kлубовите во Примера од поодмна не биле вака активни на трансфер пазарот во јануарскиот преоден рок.

Вкупно беа направени 57 трансфери, потрошени беа 315 милиони евра, што е пет пати повеќе од минатиот јануарски преоден рок.

Леванте, Малага и Лас Палмас доведоа по седумина фудбалери и самата лига потпиша договор со деветмина фудбалери од Саудиска Арабија кои ги испрати во различни клубови.

„ЕСПН“ го прогласи победникот на овој преоден рок и тоа е Атлетико Мадрид, екипа која ги доведе Витоло и Диего Коста кои од овој месец имаа право да играат за овој тим. Интересно е што не се одлучија за Барселона која го доведе Кутињо.

Гуидети е добро засилување за Алавеш тоа го покажа и во претходниот период. Додека губитник би можел да биде Виљареал кој го продаде Бакамбу на Кинезите.



Добри засилувања можат да бидат Саксес во Малага и Лусијано Вието во Валенсија кој на дебито постигна хет-трик.

Сепак, можеби најинтересно е што Реал Мадрид не доведе ниту еден фудбалер. Би можело да се каже дека се е во ред, но Реал заостанува 19 бодови во првенството, атмосферата во екипата не е баш најдобра, а во Лигата на шампионите ги очекува натпревар против ПСЖ.

Извор: Sportski.mk

Претходна статија

Судијата кој удри па исклучи играч доби суспензија од шест месеци (ВИДЕО)

Следна статија

УХМР излезе со вонредна прогноза за викендот

Најново од Вести