|

Во лето се отвора директна авионска линија Софија-Осло

Една од најголемите авиокомпании на Скандинавскиот полуостров и меѓу топ 10 најголеми авиокомпании во Европа – Norwegian Air Shuttle отвора нова авионска линија од аеродромот во Софија. Летовите на дестинацијата Софија – Осло се директни и ќе се реализираат во текот на целата година од 24 јуни следната година, соопштија од Софискиот аеродром.

Летовите ќе бидат двапати неделно од аеродромот во Софија – во среда и сабота со Боинг 737. Времето на поаѓање и слетување е погодно за секоја деловна програма или екскурзиско патување до главниот град на Норвешка. Авионските билети веќе се во продажба на веб-страницата на авиокомпанијата www.norwegian.com.

„Скандинавија е стратешки регион за развој на аеродромот во Софија и има сериозен пазарен потенцијал, кој очекуваме наскоро да го препознаат и другите авиопревозници. Правиме уште еден чекор кон проширување на мрежата на летови и сме оптимисти за 2023 година“, изјави Хесус Кабајеро – извршен директор на аеродромот во Софија, по повод објавувањето на новата линија.

„Со повеќе линии и зголемена фреквенција на летови, сега сме добро подготвени за побарувачката на потрошувачите за патување во Норвешка во претстојната летна сезона. Со нетрпение очекуваме да ги пречекаме патниците во авионот и да ги однесеме до прекрасната Софија, како и да им го покажеме на Бугарите Осло, главниот град на Норвешка“, рече Магнус Томе Маурсунд – извршен потпретседател на „Мрежа на летови, цени и оптимизација“ на Norwegian.



Слични Објави