Во Љубљана ќе биде прикажан филмот „49 172“ посветен на спасувањето на бугарските Евреи
Бугарската амбасада во Љубљана ги поканува сите граѓани и гости на словенечкиот главен град на проекцијата на документарниот филм „49 172“ што ќе се одржи на 17 ноември во 17:00 часот по локално време во салата на Еврејскиот културен центар/„Мини театар“ на ул. „Крижевнишка“ бр. 1-3, јавува БТА. Со настанот инициран од Амбасадата ќе се одбележи 80-та годишнина од спасувањето на бугарските Евреи за време на Втората светска војна и ќе се обележи споменот за жртвите од Холокаустот, соопштува бугарската амбасада во Словенија.
Едночасовниот филм е дел од програмата на 9-тиот меѓународен фестивал „Домот на толеранцијата“ (13-21 ноември) организиран од Центарот во партнерство со општина Љубљана, Министерството за надворешни работи на Словенија и дипломатските претставништва во земјата.
„Филмот на режисерот Пламен Петков и продуцентот Атанас Колев е копродукција меѓу Бугарија, Израел и САД. Сценарист е проф. Владимир Игнатовски. Тој ја следи драматичната приказна за спасувањето на бугарските Евреи раскажана од живи сведоци на настаните. Претставени се уникатни документи, филмски и аудио архиви. За време на снимањето на „49 172“ авторите имале пристап до владините и приватните архиви во САД, Израел и Бугарија, вклучувајќи ја и онаа на Стивен Спилберг и Музејот на холокаустот „Јад Вашем“ во Ерусалим“ наведуваат од Амбасадата.
Претстојната проекција во Љубљана е со бесплатен влез.
