Во мојата мала провинција нема нормални-сите се испокасани брутално од руската пропаганда
Пишува: Калин Јорданов/Фактор.бг
Живеам во мало провициско гратче. Провинциско, не само затоа што се разликува од Софија, туку најмногу поради народот.
Овде мириса на провинциja во сè: од разбирањето за војната во Украина, преку носталгијата за минатиот криминален режим до апсолутната празнина во погледот.
Овде живеам неколку години и речиси не сум сретнал личност која е свесна дека:
- Русија е агресорот, а Украина е жртвата;
- Путин е масовен убиец и докажан светски терорист;
- Комунизмот кај нас беше страшен, мизантропски режим со тешки последици до денес;
- Имањето геј паради нема да ги направи нашите деца геј луѓе;
- Бил Гејтс не сака да ни го чипира мозокот со вакцини;
- Бугарското воено воздухопловство не не прска со хемиски супстанци;
- Напуштањето на ЕУ и НАТО не е добро за Бугарија…
И уште и уште…
Другото што се случува во оваа моја провинција е фактот што овде луѓето ја „докажуваат“ својата исправност со тоа што СИТЕ размислуваат исто. Буквално сите: и млади и стари; и продавачи на зеленчук; и лекари; и наставници; и поранешни директори на историски музеи; и возачи; и градежни работници; и бодибилдери; и луѓето во приватниот бизнис…
Дали некогаш сте гледале страшни зомби филмови каде што злото започнува од зомби кое гризе нормален човек и веднаш го претвора во зомби? Во мојата мала провинција нема понормални. Сите тука се испокасани брутално од руската пропаганда.
Грозоморно! Но, тие се окрилени од сознанието дека се мнозинство и ги има насекаде.
Нивната количина гарантира удобност и уверување дека се во право. И бидејќи тие се мнозинство, се чини дека оваа „предност“ ја елиминира потребата да се потрудат да ги проверат информациите што прокремљските пропагандисти редовно им ги уфрлаат. И што го шират со завидна страст.
Ме гледаат со потсмев. Ми велат дека сум жртва на пропаганда. Тие се убедени дека зборовите „евроатлантски“ и „англосаксонски“ се лоши. Ми кажуваат колку било добро пред ЕУ и колку лошо станало откако влеговме во ЕУ.
Ја бранат честа на Путлер, како да ја бранат светоста на Левски. Често се агресивни. Тие се радикализирани. Приватно ми пишуваат. Ми се закануваат. Секој втор ден се караме во парковите.
Само немојте да ми кажувате дека „така е и во Софија“. Во големите градови, сè уште можете да го надувате сопствениот меур на нормалност, да се затворите или да се опкружувате со луѓе кои не се руски зомбија. Таму се уште има нормални луѓе. Овде знам само четворица нормални, од кои тројца се веќе во странство.
Како да се најде средина во сиромашно селско гратче со население од 20.000 луѓе, од кои половината се гербери (знаете, глупаци назначени со единствена цел да слушаат ако сакаат да јадат) а другата половина се мешавина од необразовани малцински ембриони, црвени пензионери и млади инспирирани патриоти со тетоважи на национални херои?!
Задушувачко е да се биде меѓу суштествата кои веруваат во заговори, но не и во наука. Кои ги читаат и слушаат говорите на Цончо Ганев/Нешка Робева/Румен Радев, но не и извештаите на БиБиСи/Ројтерс/Гардијан или заклучоците од извештаите на ОН и независните меѓународни организации.
Во таква провинција, човек е само на чекор од губење верба во себе и во човештвото. Веќе избегнувам нови пријателства од страв да не налетам на уште едно комунистичко-руско зомби.
Всушност, проблемот не е што живееме во провинцијата. Проблемот е што провинцијата живее во многу од нас и нема намера да си замине наскоро.