| |

Во Одрин беше одбележана третата годишнина од смртта на бугарскиот свештеник Александар Чак’р’к

Во градот Одрин на 14 март беше одбележана третата годишнина од смртта на свештеникот од бугарската црква „Св. Георги“, отец Александар Чак’р’к, соопшти црковното настојателство на Бугарската егзархија во Истанбул, пренесува БТА.

По тој повод во црквата „Св. Георги“ беше отслужена заупокојна молитва од архимандрит Харалампиј Ничев и отец Георги Танчев. На настанот присуствуваа генералниот конзул на Бугарија во Истанбул, Радослава Кафеџијска, претседателот на црковното настојателство Димитри Јотеф, претставници на бугарски здруженија и локални власти, како и семејството на покојниот свештеник.

„Тој навистина беше вреден човек кој придонесе многу не само за Одрин, туку и за христијаните, за Бугарите и за сите луѓе. Се стремеше луѓето да живеат заедно во хармонија и мир“, изјави генералниот конзул Радослава Кафеџијска.

Димитри Јотеф истакна дека православната заедница со длабока почит го одбележува споменот на отец Чак’р’к. „Тој беше многу вреден човек за нашата православна заедница. Тагуваме поради неговата загуба. Нека неговиот пат биде исполнет со светлина“, рече тој.

Отец Александар Чак’р’к, роден во Одрин, потомок е на православни Бугари, 21 година служел како свештеник во бугарските цркви „Св. Георги“ и „Св. Константин и Елена“ во градот. Почина на 17 март 2023 година од срцев удар. По неговата смрт, бугарското неделно училиште во Одрин го доби неговото име.



Слични Објави