ВО САД ОД СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ПОЧНУВА ТЕСТИРАЊЕ НА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19
Во САД клиничкото испитување за тестирање на вакцина против коронавирус на човечки субјекти ќе почне следната недела, изјави американски официјален претставник за „Асошиејтед прес“.
Првиот учесник ќе ја добие експерименталната вакцина следниот понеделник, со цел да се откријат потенцијални несакани ефекти, но тој нема да биде заразен со вирусот.
Испитувањето е финансирано од Националниот институт за здравство и ќе се одржи во Сиетл, додава официјалниот претставник.
Тестирањето ќе почне со 45 здрави волонтери во Институтот за здравствени истражувања „Кајзер Перманенте“.

