ВО ШПАНИЈА, 4.211 НОВОЗАРАЗЕНИ И УШТЕ 435 ПОЧИНАТИ ЗА 24 ЧАСА

/

Во Шпанија, бројот на смртни случаи од коронавирус се искачи на 21.717 откако уште 435 лица починаа во претходните 24 часа, според шпанското Министерство за здравство.

Зголемувањето на бројот на смртни случаи од последиците на „Ковид-19“ во Шпанија во текот на претходните 24 часа е во согласност со порастот забележан во претходните денови, кој изнесува два проценти.

Во Шпанија се потврдени вкупно 208.389 случаи на инфекција со коронавирус од избувнувањето на епидемијата, што е за 4.211 повеќе од претходниот ден, објави „Ројтерс“.

Извор: Макфакс





Претходна статија

ПРВИТЕ ЖРТВИ НА КОВИД-19 ВО САД БИЛЕ ВО ФЕВРУАРИ

Следна статија

ТРАМП: ДВАЕСЕТ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ СЕ ПОДГОТВУВААТ ДА ГИ УКИНАТ ОГРАНИЧУВАЊАТА ЗА КОВИД-19

Најново од Вести