Во Скопје следните два дена ќе се врши авионска дезинсекција против комарци
Во наредните денови на подрачјето на град Скопје ќе се спроведе авионска и терестрична дезинсекција против форми на комарци и ларви, информираат од Град Скопје.
Авионската дезинсекција ќе се одвива на 12 и 13 септември 2025 година (петок и сабота), во раните утрински часови.
Терестричната дезинсекција е планирана во периодот од 16 до 19 септември 2025 година (од вторник до петок), секоја вечер од 22:00 часот до 03:00 часот по полноќ.
Од Град Скопје додаваат дека доколку временските услови не овозможат реализација на активностите, дезинсекцијата ќе биде извршена во истиот термин првиот нареден ден со поволни услови.
Исто така, надлежните ги известуваат пчеларите навреме да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите за време на дезинсекцијата.
