Во Софија Бугарите и Украинците ќе им оддадат почит на жртвите на голодоморот
Денеска пред споменикот на Тарас Шевченко на пл. „Преродба“ во Софија со почеток од 17 часот и 30 минути ќе биде одбележана 91-та годишнина од голодоморот во Украина, јавува БГНЕС.
Голодоморот во Советска Украина се случил во периодот 1932-1933 година. Се смета за една од најлошите национални катастрофи во украинската историја – жртви се неколку милиони луѓе. Гладот го предизвикал советскиот диктатор Сталин. Гладот од 1932-1933 година ја зафатил не само Украина, туку и други области во Советскиот Сојуз, но терминот Голодомор се користел специјално за областите населени со етнички Украинци каде што гладот бил најсилен. Понекогаш се нарекува украински геноцид или украински холокауст.
Во 2006 година, голодоморот во Украина во 1932-1933 година“ бил признат како геноцид врз украинскиот народ во Законот на земјата. Европскиот парламент го призна голодоморот како злосторство против украинскиот народ и против човештвото. Во 2023 година, бугарскиот парламент го прогласи голодоморот за геноцид.

