Во Софија Тех Парк денеска се одржува најголемиот технолошки настан во Југоисточна Европа Robotics Strategy Forum 2025
Во просториите на Софија Тех Парк, денеска се одржува Robotics Strategy Forum 2025, најголемиот технолошки настан во Југоисточна Европа посветен на роботиката, автоматизацијата и вештачката интелигенција, јавува БНР.
Седмото издание на форумот е посветено на технологиите создадени во Бугарија. Организатор е Професионалната асоцијација за роботика, автоматизација и иновации (PARAi), а годинава во организацијата се вклучени и Бугарската асоцијација на електротехниката и електрониката (БАСЕЛ), Кластерот „Мехатроника и автоматизација“ (КМА) и Бугарската стопанска комора – машиноградба. Според организаторите, обединувањето на професионалните организации има за цел зајакнување на бугарскиот технолошки сектор и создавање стратешки партнерства.
Акцентите на форумот се насочени кон инженерските хабови во земјата, вештачката интелигенција и финалните производи создадени во Бугарија. Настанот става посебен фокус врз бугарските технологии кои веќе имаат светско признание и наоѓаат примена во различни индустриски сектори – од производство и логистика, до медицина и вселенски технологии.
Форумот започна со свечено отворање во 9:30 часот. На настанот присуствуваа Томислав Дончев од Министерството за иновации и раст, Александар Ненков – фонд менаџер на финансиски инструменти, Васил Терзиев – градоначалник на Софија, Н.Пр. Флеминг Стендер – амбасадор на Кралството Данска во Бугарија, и Бојко Таков – директор на Агенцијата за поддршка на малите и средните претпријатија.
Со Robotics Strategy Forum 2025, Бугарија ја зацврстува својата позиција како еден од водечките центри за роботика и вештачка интелигенција во регионот.о просториите на Тех Парк, се одржува Robotics Strategy Forum 2025, најголемиот технолошки настан во Југоисточна Европа посветен на роботиката, автоматизацијата и вештачката интелигенција.
Седмото издание на форумот е посветено на технологиите создадени во Бугарија. Организатор е Професионалната асоцијација за роботика, автоматизација и иновации (PARAi), а годинава во организацијата се вклучени и Бугарската асоцијација на електротехниката и електрониката (БАСЕЛ), Кластерот „Мехатроника и автоматизација“ (КМА) и Бугарската стопанска комора – машиноградба. Според организаторите, обединувањето на професионалните организации има за цел зајакнување на бугарскиот технолошки сектор и создавање стратешки партнерства.
Акцентите на форумот се насочени кон инженерските хабови во земјата, вештачката интелигенција и финалните производи создадени во Бугарија. Настанот става посебен фокус врз бугарските технологии кои веќе имаат светско признание и наоѓаат примена во различни индустриски сектори – од производство и логистика, до медицина и вселенски технологии.
Форумот започна со свечено отворање во 9:30 часот. На настанот присуствуваа Томислав Дончев од Министерството за иновации и раст, Александар Ненков – фонд менаџер на финансиски инструменти, Васил Терзиев – градоначалник на Софија, Н.Пр. Флеминг Стендер – амбасадор на Кралството Данска во Бугарија, и Бојко Таков – директор на Агенцијата за поддршка на малите и средните претпријатија.
Со Robotics Strategy Forum 2025, Бугарија ја зацврстува својата позиција како еден од водечките центри за роботика и вештачка интелигенција во регионот.
