Во Софија започна мотофест за поддршка за донирањето органи и трансплантациите
Во Софија започна првиот хуманитарен мотофест за поддршка на донирањето органи и трансплантациите.
Тридневниот настан со бесплатен влез ќе се одржи во просторот на паркот до Терминалот 2 на аеродромот во Софија.
Програмата вклучува атракции со автомобили и велосипеди, спортски натпревари и активности за деца, лотарија со награди и концерти.
Претседателот на Фондацијата „Добротворност и милосрдие“, Даниел Капсазов, изјави за БНР:
„Откако истражувавме и откривме дека во Шпанија, според истото законодавство како во Бугарија, нема луѓе на кои им треба трансплантација, во Бугарија се трансплантира орган на едно лице од илјада. Има над 100 организации кои ни даваат поддршка, вклучително и општината Слатина како и аеродромот „Софија“. Не подржува и Светиот синод“.
