|

Во Турција загинаа речиси 41.000 луѓе, потрага има само уште на две места

Бројот на загинати од разорниот земјотрес во Турција се искачи на речиси 41.000, објави Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби, бидејќи операциите за потрага по преживеани завршуваат и ќе продолжат во само две провинции.

Потрагата и спасувањето во деветте провинции погодени од земјотресот завршува, изјави директорот на агенцијата Јунус Сезер.

„Тие продолжуваат во провинциите Кахраманмарас и Хатај, на околу четириесет згради“, изјави Сезер за новинарите.

Повеќе од 1,2 милиони луѓе се евакуирани од југоисточна Турција, погодена од најсмртоносната катастрофа во поновата историја на земјата. Повеќе од еден милион луѓе се во засолништа во овие провинции, рече Сезер, пренесува агенцијата АФП.

Во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го опустоши југот на Турција и Сирија загинаа 40.689 лица во Турција, покажуваат најновите информации на агенцијата.



Слични Објави