Во украинското село Криничное ќе се одржи форум „Обредните лебови – наследството на Чушмелии“
На 1 ноември во село Криничное (Чушмелии), Болградски регион во Украина, ќе се одржи културен форум под наслов „Обредните лебови – наследството на Чушмелии“, посветен на зачувувањето и промоцијата на традициите поврзани со обредните лебови на Бугарите во Бесарабија, објави на својата Фејсбук страница Татјана Ковтун – наставничка по бугарски јазик, историја и литература и активна промоторка на бугарското културно наследство, јавува БНР.
Настанот ќе ги собере локалните мајстори, истражувачи и претставници на културните заедници од регионот, со цел да се разменат знаења и да се оживеат старите обичаи околу печeњето и благословувањето на лебот.
Идејата за форумот произлегла по посетата на празникот на лебот во Ќустендил (Бугарија), што ги инспирирало организаторите да ја вратат традицијата во своето родно место. Благодарение на поддршката од локалната општина, тие се стремат да ја зачуваат и пренесат богатата христијанска култура поврзана со лебот на идните генерации.
Селото Криничное, сместено во Одеска област, е еден од најзначајните центри на бугарската заедница во Украина – според пописот од 2001 година, над 93% од жителите го наведуваат бугарскиот јазик како мајчин.
