Во Унгарија досега пристигнаа 120.000 Украинци, по пат се родило и бебе

/

Унгарија ги отвори границите за бегалците од Украина. Во близина на границата со Украина се отворени шест прифатни центри, кои обезбедуваат храна, средства за хигиена и привремено сместување. Бегалците во Унгарија пристигнуваат пеш, со автомобил, автобус и со воз.

Како што пренесуваат медиумите, од источна Унгарија дневно пристигнуваат десетина возови со бегалци од Украина. Тие доаѓаат организирано, а во Будимпешта се очекува да бидат прифатени од владини и невладини организации.

Вчера, на станицата пристигнале околу 3.300 Украинци, а меѓу нив имало и над 500 деца. Во прифатниот центар се сместени околу 170 луѓе, а повеќето од нив одлучуваат да одат понатаму и да не останат во Будимпешта. Според унгарските власти, досега во земјата влегле 120.000 бегалци од Украина.

Министерот во кабинетот на премиерот на Унгарија, Гујаш Гергељ, изјави дека унгарската влада ја координира помошта за сите оние што бегаат од војната во Украина.

„Одвоивме околу 3,5 милиони евра за најголемите хуманитарни организации што пречекуваат бегалци. На граничните премини ги забрзуваме процедурите за влез во државата. Исто така, им помагаме на Унгарците што бегаат од војната во Украина и на државјаните на трети земји да се вратат дома“, додава Гергељ.

Тој нагласува дека им даваат засолниште и работа на Украинците што биле во неволја, како и дека ја испратиле првата испорака на храна, гориво и лекови во Украина, вредна околу еден и пол милион.



Повеќе од еден милион луѓе ја напуштија Украина од почетокот на конфликтот. Европската Унија проценува дека околу четири милиони Украинци ќе се обидат да најдат спас од војната во странство. Пред два дена семејство од Украина пристигнало на железничката станица во Будимпешта со трудница, која вчера родила машко дете.

Извор: Temite



Претходна статија

Украинците тврдат дека досега убиле над 9.000 руски војници

Следна статија

Нови 389 случаи на Ковид 19, оздравеле 749 пациенти

Најново од Вести