ВОДАЧ НА СЕКТА СЕ ИЗВИНИ ПОРАДИ ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУСОТ, ЧЛЕНОВИТЕ ЗАРАЗИЛЕ 2.000 ЛУЃЕ ВО ЈУЖНА КОРЕЈА

//

Лидерот на тајната јужнокорејска секта поврзана со повеќе од половина случаи на коронавирус во Јужна Кореја денеска се извини за ширењето на болеста.

Молитвата за прошка од водачот на сектата Шинхонџи, Ли Ман-Хе, се случи кога градските власти во Сеул најавија обвинение за убиство против него за несоработување со властите во спречување на епидемијата, јави агенцијата „Франс прес“.

Бројот на случаи во Јужна Кореја, каде што има најголем број случаи надвор од Кина, се очекува да порасне по проверките на властите на повеќе од 26.000 луѓе поврзани со сектата, која честопати е осудувана во земјата како култ.

„Сакам искрено да им се извинам на луѓето. Многу луѓе ненамерно се заразени“, рекол 88-годишниот Ли со треперлив глас.

Тој двапати се поклонил на колена пред новинарите во Гапијонг.

„Барам прошка од луѓето. Многу сум благодарен и за напорите на владата. Барам прошка и од владата“, рекол тој.



Властите во Сеул побараа од Обвинителството да поведе обвиненија вклучително и за убиство против Ли и 11 други лица кога сектата беше обвинета дека дала лажни списоци со членови на властите. Сектата, од друга страна, тврди дека нејзините членови се соочуваат со социјална стигма и дискриминација ако станат јавно познати.

Градоначалникот на Сеул, Парк-Вон-сун, рече дека ако биле преземени мерки навреме, епидемијата би можела да се спречи во провинциите Даегу и Северен Гјеонгбук.

Јужна Кореја денеска пријави уште 476 случаи, со што вкупната бројка на заболени од коронавирус се искачи на 4.212, а бројот на смртни случаи на 22.

Извор: Макфакс

Претходна статија

СПАСОВСКИ: 70 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СИТЕ ОПШТИНИ И ЗА ГРАДОТ СКОПЈЕ ЗА ИЗГРАДБА И САНАЦИЈА НА ПАТИШТА

Следна статија

(ВИДЕО) ГЛИГОРОВА И КОЛЕВ ОБРАЗЛОЖИЈА ЗОШТО ВЛЕГОА ВО ПРЕДИЗБОРНА КОАЛИЦИЈА

Најново од Вести