|

Водата во Делчево може да се пие, дефектот саниран

Дефектите на водоснабидителниот систем во Делчево што настанаа по синоќешното невреме се санирани.

Градоначалникот Горан Трајковски рече дека граѓаните може да ја користат водата за пиење.

Во невремето поплавени беа десетици објекти, граѓаните пријавуваа поплавени подруми, уништени беа улици. И денес се работи на санирање на штетите. Во моментот советниците имаат вонредна седница во Општината, на која се очекува да прогласат елементарна непогода.

Слични Објави