| |

ВОЈНА НА УЛИЦИТЕ НА МЕКСИКО ПОРАДИ АПСЕЊЕТО НА СИНОТ НА НАРКОБОСОТ ЕЛ ЧАПО (ВИДЕО)

Во мексиканскиот град Кулиакан дојде до судир меѓу безбедносните сили и припадниците на моќниот наркокартел Синалоа, чиј поранешен лидер е Хоакин Гузман , познат како Ел Чапо , кој е осуден на доживотен затвор во САД.

Припадниците на нарко картелот палеа возила низ целиот град . Причина за конфликтот е апсењето на синот на Ел Чапо, Овидио Гузман Лопез, кого полицијата го пронајде при рутинско пребарување на неговиот дом.

Откако влегле во домот, пронашле четворица мажи, меѓу кои и Гузман Џуниор, кој е обвинет за трговија со дрога во Соединетите држави.

Сепак, членовите на картелот наскоро ја совладаа полицијата и таа се повлече, соопштија властите. Во исто време, напаѓачите ги преплавија градските улици, борејќи се со полицијата и армијата среде бел ден. Тие палеа автомобилите и запалија барем една бензинска пумпа.

Кристобал Кастанеда, командант на безбедносните сили во Синалоа, изјави дека, според првичните информации, загинале две лица, а 21 се повредени. Тој рече дека полицијата била нападната додека се приближувала до бариерите на вооружените лица.

Членовите на картел ја искористиле радиофреквенцијата што ја користела полицијата и предупредувале на повторување на нападот против безбедносните сили доколку Гузман не биде ослободен.

Извор: Канал5

Слични Објави