Вооружен маж нападнал полицајци во Франција, извикувал „Алаху акбар“
Маж вооружен со нож и железна шипка бил застрелан и ранет од француски полицајци, откако ги нападнал извикувајќи „Алаху акбар“.
Како што пренесува „Фигаро“, маж на околу триесет години нападнал и ранил полицајци во општината Оранж, по што тие употребиле електрошокери и пиштоли во самоодбрана.
Се наведува дека напаѓачот бил застрелан со пет куршуми и потоа бил пренесен во болница во Авињон, каде неговата состојба е критична.
„И покрај предупредувањата, напаѓачот агресивно се упатил кон полицајците и тие биле принудени да отворат оган врз него“, се вели во соопштението на жандармеријата.
Се додава дека полицајците со полесни повреди се пренесени во болница.
Во соопштението се наведува и дека истрагата е во тек и дека во моментов не може да се каже кои биле мотивите на напаѓачот.

