Возачот на автобусот кој се преврте во Турција е Бугарин
Возачот на автобусот кој се преврте во Турција е Бугарин. Во инцидентот се повредени 11 лица, јавува БГНЕС.
Автобусот со бугарска регистрација патувал од Испанбул до Добрич. Возачот вчера напладне изгубил контрола и се превртел. Според првичните податоци откажале сопирачките, автобусот удрил во патна табла и се превртел.
Повредените се 11 патници, од нив двајца се во тешка состојба, двајца со потешки повреди, а 7 лица се со полесни повреди.
Го побаравме сопственикот на фирмата дали автобусот е исправен и дали ја има целата потребна документација. Телефонот на сопственикот беше исклучен.
Отидовме до канцеларијата на превозникот во Добрич. Токму таму вчера околу 18 часот требаше да пристигне автобусот. Вработенатa таму ни кажа на нивните линии има двајца возачи. Во случајов едниот е од Бугарија, другиот од Турција. Информациите што ги имаат во локалната канцеларија за несреќата се оскудни.
Настраданите на кои им е потребна лекарска помош остануваат во болница.