Почна новата средба Заев-Гаши, ќе влезе ли Алтернатива во Влада?!

/

Почна работната средба меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, формат 1+1 (Димитар Ковачевски од СДСМ и Беким Салиу од Алтернатива).

На оваа и на средбите што ќе следат ќе се разговара за предлозите за учество на Алтернатива во Владата и за улогите и одговорностите кои политичките субјекти треба да ги преземат во испораката на резултати кон граѓаните.

Пред средбата премиерот Заев не сакаше да даде изјава за очекувањата или за предлозите до Алтернатива. Гаши пак вели дека ова е прва средба на која очекува да ги слушне концептите на СДСМ за излезе од енергетската и здравствената криза, но и како да не се испушти историската шанса за почеток на преговорите за членство во Европската унија во декември. Лидерот на Алтернатива не сакаше да ги коментира најавите за промена на премиерското место и дали Ковачевски кој е кандидат за наследник на Заев во СДСМ е прифатлива за нив како нов мандатар. Тоа според Гаши била интерна работа на СДСМ, а преговорите за влез во Влада се меѓу партии и за концепти. Гаши не сакаше да открие кои ресори и министерски места ги бара Алтернатива.



Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Филипче: Нема потреба од рестрикции поради новиот сој

Следна статија

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Штип ќе се корегираат, свечените изјави ќе ги потпишат со Северна Македони

Најново од Вести