Вратите на НАТО остануваат отворени

//

Има место за уште нови знамиња пред седиштето на НАТО во Брисел, порача генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Честитки за постигнатото, особено во делот на стабилизација на внатрешната ситуација, поддршка за натамошните реформи, порака да се реши прашањето за името, но, и предупредување дека уште задачи и преостануваат на Македонија, кои мора да се сработат за да се дојде до членство.

Ова беа главните поенти на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг до државниот врв, политичките лидери и пратениците.

Тој денеска во Скопје повтори дека вратите на Алијансата остануваат отворени.



„Има место за уште нови знамиња пред седиштето на НАТО во Брисел“, порача Столтенберг.

„Земјите – членки се импресионирани од вашите заложби да се приклучите кон Алијансата. НАТО сака да успеете. Добро е да се биде амбициозен, но, важно е да се биде реален. Има уште работа што треба да се заврши, вклучувајќги го и прашањето за името, кое предолго ја оптоварува земјата и регионот. Ја поздравувам волјата на вашата Влада да се реши ова прашање“, изјави Столтенберг.  (Прочитајте го целиот напис овде)

Претходна статија

Трамп ја обвини Русија дека и помага на Северна Кореја да ги заобиколи меѓународните санкции

Следна статија

Кои централни банки ги даваат најточните предвидувања?

Најново од Вести