|

Кои централни банки ги даваат најточните предвидувања?

Нема централна банка во светот, која ќе даде апсолутно точни предвидувања, но кога станува збор за клучен индикатор, каков што е инфлацијата, Централната банка на Англија е на дното по успешност.

Тривековната финансиска институција има најслаби резултати во предвидувањето на инфлацијата во сопствената економија, според најновата листа на „Bloomberg“ на централните банки на земјите од „Г-7“.

Канадската централна банка може да се пофали со најпрецизни прогнози за инфлацијата.

За разлика од Европската централна банка (ЕЦБ) и Федералните резерви на САД, Централната банка на Англија има склоност да намалува прогнозите за потрошувачките цени, иако тоа изгледа веќе се менува.  (Прочитајте го целиот напис овде)



Слични Објави