ВМРО-ДПМНЕ: ВРЕМЕ Е СДСМ ДА ГИ ТРГНЕ РОЗВИТЕ НАОЧАРИ И ДА ЈА ВИДИ РЕАЛНОСТА, СО СДСМ НА ВЛАСТ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ТОНЕ

Вести Истакнато Македонија

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Радмила Шекеринска дадена на отворената трибина на ОО СДСМ Бутел.

Време е СДСМ да ги тргне розевите наочари и да ја види реалноста. Република Македонија тоне. Економијата стагнира. Државата е заробена, правниот систем деградиран.

Со СДСМ на власт јавниот долг на државата за прв пат во историјата на државата надмина 5 милијарди евра, додека државниот 4 милијарди евра. Додека долгот енормно расте, државата стагнира, платите паѓаат, стандардот паѓа, а трошоците за живот се се поголеми.

Милиони нови задолжувања, а ниту една нова капитална инвестиција. Државата бележи пад на капиталните инвестиции. Нивото на реализација на капитални инвестиции во првиот квартал од 2018 година изнесува само 7.4%.

Наместо најавеното покачување на платите, имаме пад на платите за 867 денари во однос на февруари со јануари оваа година. Во исто време додека платите паѓаат, цените растат. Граѓаните се се по сиромашни. Граѓаните живеат полошо од пред една година.

Дебаклот на економски план е пропатен со безидејност на сите полиња. Република Македонија под власта на СДСМ е нефункционална демократија. Законите не се почитуваат, а институциите се злоупотребуваат за партиски цели.

Власта не работи за интересот на граѓаните, туку за интересот на врхушката на власт. Ова расипништво мора да запре. Државата и граѓаните заслужуваат подобро се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.