ПИЈАНИСТКАТА ДУЊА ИВАНОВА СО СОЛИСТИЧКИ КОНЦЕРТ ВО МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА

Во среда 16 мај во Камерната сала на Македонската филхармонија со почеток во 20 часот, истакнатата пијанистка Дуња Иванова ќе одржи солистички концерт…

Во фокусот на програмата на Иванова се дела од современи композитори. Ќе бидат изведени неколку композиции од култниот филм „Пијано“, чија музика ја создаде влијателниот Мајкл Најман, како и „The Heaven Ladder“ од Тери Рајли и „Clapping Music“ од Стив Рајх, сите претставници на минимализмот, музички правец кој во од средината на минатиот век создаде нова димензија во класичната музичка уметност.

Како гостинка на концертот ќе се појави македонската композиторка Ана Пандевска.

Слични Објави