| |

Времето денес: Oблачно со дожд, на планините снег

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи претежно од дожд. Претпладне, локално ќе има и услови за замрзнат дожд. На планините врнежите ќе бидат главно од снег. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови, каде до утре наутро локално се очекува да наврнат над 40 л/м2. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура од минус еден до пет степени, а дневната температура ќе се движи од три до девет степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи претежно од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус два, а дневната температура до пет степени.



Слични Објави