Времето денес: Облачно со дожд
Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и поинтензивни ќе бидат во западните и крајните источни делови, локално над 15 л/м2. Само на повисоките планини ќе има повремен снег. Во јужните делови ќе има услови за локална појава на грмежи. Ќе дува ветер од јужен и југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од девет до 16 степени.
Во Скопје слично време, облачно, со повремени врнежи од дожд, а ќе дува засилен ветер претежно од јужен и југозападен правец.
