Времето денес: облачно со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат пообилни попладне во западните и северните делови, каде локално ќе наврнат над 20 литри на метар квадратен, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

