| |

Времето денес: променливо облачно и студено

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со температури значително под просекот за овој период од годината. Особено студено ќе биде во утринските часови кога на некои места ќе се спуштат и до -10 степени. Во западните и крајните северни делови со повремен слаб локален снег, особено претпладне. Ќе дува умерен, на повисоките места и планините засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 11 до минус пет степени, а дневната температура од минус шест до еден степен.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со температури значително под просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен, на повисоките места и планините засилен северен ветер.



Слични Објави