Времето денес- сончево со слаб јужен ветер
Денеска во Македонија времето ќе биде претежно сончево со слаб јужен ветер. По котлините се очекува појава на утринска слаба магла, а утринските температури низ државава ќе се движат од -2 до 1 степен.
Дневните температури се очекува да се искачат од 9 до 16 степени.
Во Скопје ќе има слично време, утринскста температура ќе достигне до -5 степени, додека во текот на денот таа ќе се искачи до 12.

