|

Времето денеска сончево и топло, во јужните делови се очекува невреме

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, велат од УХМР. Утринските температури се движат од 13 и 22, а максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 30 и 37 Целзиусови степени. Насекаде ќе биде активирано жолто ниво на опасност од висока температура.

Најавуваат дека попладне во јужните делови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи

Во Скопје, пак, велат ќе биде сончево и многу топло со мала облачност.

Слични Објави