|

Врнежлив и постуден период со можност за снег на планините

Денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од север. Попладне ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират низ целата земја и на некои места ќе бидат пообилни. Минималната температура ќе се движи меѓу 4 и 14 степени, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб северен ветер. Кон крајот на денот и особено во текот на ноќта ќе има дожд. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 19 степени.

До петок, под влијание на влажен бран, се очекуваат врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни. На повеќе места ќе наврнат над 30 литри на квадратен метар, а на некои локации и над 50 литри. Во четврток, со продор на постудена воздушна маса и засилен северен ветер, врнежите на повисоките планини ќе преминуваат во снег. До петок, со понатамошно заладување, снег е можен и на дел од повисоките места, каде ќе се формира снежна покривка. Температурите ќе бележат значителен пад.

За време на викендот се очекува стабилизирање на времето и пораст на дневната температура.

Слични Објави