| |

Вселенскиот патријарх Вартоломеј пред БГНЕС: Ве сакаме!

Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази целосна поддршка за Бугарската православна црква. На прашањето на репортерот на БГНЕС како ќе одговори на деструктивните дејствија на СПЦ на Балканот, Вселенскиот патријарх одговори: „Ве сакаме! Ве сакаме!”.

Репортерот на БГНЕС потсети дека Српската православна црква издаде неканонски томос, со кој практично беше блокирана целосната автокефалност на Македонската православна црква. Томос може да го доделува само Вселенската патријаршија.

Митрополитот Кирил, кој е одговорен за црковното досие на Македонската православна црква во Вселенската патријаршија, во оваа прилика ја критикуваше одлуката на СПЦ да издаде „томос“. „Ова е срам за Црквата. Ниту една стара патријаршија и стара автокефална црква не го направила тоа што го направи новата патријаршија, веројатно најниската во хиерархијата. Порфириј го изврши ова големо злосторство да даде автокефалност. На кого? На црква која за жал , 50-60 години (Србите) ја држеле во изолација, ја мачеле, ја обвинувале, ја клеветеле“, додаде митрополитот Кирил.

Патријархот Вартоломеј синоќа пристигна во Софија за да учествува на устоличувањето на новиот бугарски патријарх. За прв пат во историјата на оваа церемонија учествува вселенски патријарх.

Вартоломеј пред неколку минути влезе во „Света Недела“, каде што се служи литургија на која присуствуваат и претставниците на останатите помесни цркви.

Во Синодалната палата во тек е изборот на нов бугарски патријарх, присутни се 138 делегати. Бугарските митрополити веќе го дадоа својот глас.

Тројца митрополити – Григориј, Гаврил и Даниел – се борат за наследник на покојниот бугарски патријарх Неофит.



Слични Објави