ВУЧИЌ ГИ ИСФРЛИ ПРОРУСКИТЕ МИНИСТРИ

Традиционално добрите односи со Руската Федерација со кои се фалеше скоро секоја власт во Србија, овој пат се на најголем тест досега. Ова може да се заклучи врз основа на составот на новата влада и чистењето на „руските кадри“. Откажувањето на претходно најавената посета на Владимир Путин и потпишувањето на Вашингтонскиот договор очигледно придонесоа за затегнување на односите меѓу двете земји, поради што Москва е сè подалеку од српската владата, објави белградскиот портал Нова.рс, пренесува Плусинфо.

„Одлуката на Александар Вучиќ да го намали бројот на министерски места во владата на Србија на коалицискиот партнер од Социјалистичкатапартија на Србија (СПС) на Ивица Дачиќ, од пет на две – Министерството за образование (и вицепремиер) и министерство без ресор, претставува најнов удар за руските играчи во владата на Србија“, се наведува во текстот на Нова.

Фактот дека оддалечувањето од Москва стана нова реалност покажува и неизвесната судбина на поранешниот министер без ресор задолжен за иновации, Ненад Поповиќ, кој во рамките на коалицијата собрани околу Српската напредна партија (СНС) важеше за еден од најблиските луѓе до официјален Кремљ.

„Актуелната министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура, Зорана Михајловиќ, која Русите ја сметаат за „американски човек“ ќе го преземе Министерството за енергетика на местото на Александар Антиќ од СПС, што се толкува како уште еден потег во насока на оддалечување на Белград од Кремљ“, пишува Нова.



Во Вашингтонскиот договор, потпишан во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп, првиот човек на српската држава учиќ и премиерот на Косово, Авдулах Хоти, се наведува дека Белград и Приштина ќе ги диверзифицираат своите енергетски резерви, што е директно отклонување од Русија.

(Целиот материјал прочитајте го на Плусинфо)