| |

ВЖЕШТЕНИ ТЕЛЕФОНСКИТЕ ЛИНИИ НА ОСКАТА СОФИЈА-БЕРЛИН-СКОПЈЕ: СЕ БАРА РЕШЕНИЕ ЗА СТАРТОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА СО ЕУ

Неколкуте останати денови за конечна одлука дали Софија ќе го блокира македонскиот пат кон ЕУ ги вжештија телефонските линии Софија-Берлин-Скопје, но се уште останува неизвесно каков ќе биде исходот, јавува Радио Слободна Европа.

Постојаните претставници во Брисел на земјите членки на Европската унија расправата за преговарачката рамка за Северна Македонија ја одложија за в петок, дознава Радио Слободна Европа од дипломатски извори во Брисел. Имено, КОРЕПЕР, како што скратено се нарекува Kомитетот на амбасадори на земјите членки на унијата кој вообичаено ги подготвува одлуките за министрите, требаше денеска да расправа за можноста за отворање на пристапните преговори со земјава.

Меѓутоа одлуката за одложување, како што се дознава, е донесена за да се овозможи простор за дипломатски напори кои се водат на релација Берлин-Софија за да се убеди бугарската страна да не го блокира отворањето на преговорите со Скопје.



Слични Објави