| |

Wine and Spirits Fest Burgas 2025 собира на едно место ексклузивни винарии од цел свет

Во периодот од 25 до 27 јули, во Меѓународниот конгресен центар во Бургас, по тринаесетти пат ќе се одржи Wine and Spirits Fest Burgas – најголемиот вински настан на јужниот брег на Црното Море.

Фестивалот ги собира на едно место ексклузивни винарии од цел свет, кои ќе ја претстават својата селекција на вина и алкохолни пијалоци. Посетителите ќе имаат можност да ја разгледаат понудата, да дегустираат од избраните производи и да купат дел од нив за дома.

На крајот на фестивалот, стручно жири ќе ги оцени најдобрите вина и пијалоци, а најимпресивните производители ќе бидат наградени.

Организаторите ги покануваат сите љубители на квалитетно вино и чисти алкохолни пијалаци да уживаат во внимателно одбраната селекција на изложувачите.



Слични Објави