За нас суд пресуди забрани, за нив фотелја и молк од Владата
Љупчо Ѓоргиевски/КЦ Иван Михајлов
Нас нѐ судат за Фејсбук статуси. На младата Ива Михајлова од Кочани не и дозволуваат да замине на лекување во странство, иако се предупредува дека без навремен третман постои реална опасност да остане траен инвалид. А владин претставник може да велича осуден воен злосторник и мирно да продолжи да седи во државна фотелја
Далибор Китановиќ не е приватно лице без јавна одговорност. Тој е директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците и владин претставник. Човек кој треба да биде гарант за правата на заедниците!

А ние добро знаеме што остана зад Ратко Младиќ и Сребреница.
И сега ваков владин претставник ќе ни ги гарантира правата на македонските Бугари? Тој ќе ни зборува за толеранција? Тој ќе седи пред претставници на ЕУ и ќе продава приказни за европски вредности?
За нас суд пресуди забрани.
За нив фотелја и молк од Владата.
Ако Владата премолчи, тогаш веќе не е проблем само Китановиќ. Проблем е Владата што го толерира својот претставник.
Европа со двојни аршини не се гради. Ова е лицемерие на дело.
