За повратникот Литовски, десницата во ВМРО и изградбата на македонската национална свест од комунистите
Пишува: Тони Коцев
Македонскиот историчар Александар Литовски е новоназначениот член, односно , повратник, во историската комисија на Македонија. Скоро и да нема негов текст или интервју без говор на омраза кон се бугарско , а и е противник на десничарството како политичка идеологија, па ќе каже : “ Не постои ниту една десничарска партија која пред втората светска војна и за време на втората светска војна да признава македонска нација “ .
Понатаму ќе напише : “ … јасно декларирани Бугари од типот на Димитар Талев , Венко Марковски , Тодор Александров … “ !? Значи , историчарот е назначен како нов член ( повратник ) во историската комисија од владата на ВМРО-ДПМНЕ , која само пред десетина дена свечено го откри споменикот на Тодор Александров во Штип , за кој овој историчар кажува, дека е јасно деклариран Бугарин !
Партијата на власт го слави Тодор Александров како етнички Македонец и истовремено назначува историчар во комисијата кој тврди дека Тодор Александров е ЈАСНО деклариран Бугарин . Кој е овде луд ?
Понатаму , пред камери Литовски ќе каже : “ Кузман Јосифовски – Питу ( брат на Аспарух ) заедно со комунистите во Македонија се држеле на линијата за изградба на македонска национална свест “ . Значи , новиот член (повратник) во историската комисија признава дека комунистите се залагале за изградба на македонска национална свест и дека пред втората светска војна немало десничарски партии што признавале македонска нација. Јас си мислев дека Каракачанов не е во право кога вели „Македонци признаваме след 1944 г. “ , а испаѓа дека и македонски историчар го твди истото.