| |

За првпат во Југоисточна Европа бугарски лекари поставија слушни импланти со роботизирана рака

За првпат во Југоисточна Европа бугарски лекари поставија слушни импланти со роботизирана рака. Високотехнолошката апаратура е во Бугарија за една недела. Два специјално обучени тима во Софија оперираа двајца пациенти со помош на роботската рака, јавува БНТ.

Емил Жеков е првиот бугарски пациент со имплант поставен со роботизирана рака.

„Таа успева да ја постави електродата, но брзината е исклучително мала, односно 0,1 милиметар во секунда, што човечката рака едноставно не може физички да го направи.“, изјави доц. д-р Тодор Попов, раководител на Катедрата за оториноларингологија при Медицинскиот универзитет во Софија, УМБАЛ „Царица Јоанна – ИСУЛ“:

„Ова е чекор напред, ова е иднината. Ова може да се претвори во стандард и роботизираните операции да се развиваат уште повеќе.“, изјави доц. д-р Орлин Стојанов, од УМБАЛ „Царица Јоанна – ИСУЛ“.

Роботизираната рака се користи во европските клиники околу две години.

До крајот на неделата, со помош на роботизираната рака ќе бидат поставени слушни импланти и на две деца. Потоа високотехнолошката апаратура ќе биде вратена во австриската клиника, што му ја отстспи оваа модерна технологија на ИСУЛ.

Слични Објави