БОГДАНОВИЌ: НЕ СЕ ОТКАЖУВАМЕ ОД МОРАТОРИУМОТ ЗА ГРАДБА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР
-Ние не се откажуваме од мораториумот и ќе ги искористиме сите правни можности за да донесеме подобри, нови урбанистички планови што веќе се работат и поголем дел веќе се во крајна фаза на донесување. Во моментов со правниот тим на Општина Центар и со одредени стручни лица кои ги консултираме ги разгледуваме можностите кои ќе ни бидат на располагање откако официјално ќе ја добиеме одлуката. Ние одлука официјално немаме добиено, а оваа информација ја добивме од контактите со односи со јавност на Уставниот суд и тоа што излезе по медиумите, истакна Богдановиќ на денешната прес-конференција по одлуката на Уставен суд
за времено укинување на т.н. мораториум за градба во општина Центар.

