| |

ЗА ТАКВИ ВЕРНИЦИ ПАТОТ ДО ПЕКОЛОТ Е СИГУРЕН…

Верници ко верници, веруваат у чуда и многу прозаично им делуваат сите работи кои се поврзани со овоземското и световното.

Си отишле да маршираат на празник, Господ ги чува подобро од Филипче и неговото „свето тројство“.

Тие не веруваат у работи што не може да ги видат со голо око, вирусот е за нив теорија на заговор, ама затоа у Господ веруваат, он им се појавува на сон, на привидение, св.Петка им кажува како да си ги лекуваат децата со оцет во чорапчиња кога им имаат температура.

Ако утре се испоразболат, нека идат кај Господ да ги лекува, ама тие ни со Господ не соработуваат, само со нивната паганерија и митска слика за светот.

Правиме се да се испоразболиме, јадеме калорична храна, не сме физички активни, пушиме цигари, конзумираме акохол, хигиентата ни е рамна на нула, киваме у фаца, кашламе без рака, кога зборуваме со некој му се доближуваме до уста, а откако ќе се разболиме – здравството ни е многу лошо, докторите се виновни, не ни даваат магичен пијалак да не оздрават за секунда или да ни го продужат животот.

Оние најрадикалните со пиштол во рака и ќе го убиваат докторот – Докторе или спасете го нејзиниот живот или и двата ќе отидат!

За такви верници патот до пеколот е сигурен, со свеќичка во рака полека ама сигурно си го осветлуваат патот до пеколот, секако поплочен со НАЈДОБРИ намери.

Fb статус на Магдалена Стојмановиќ



Слични Објави