РЕЗИЛ СМЕ… РЕЗИЛ

Ваш став Истакнато Позиција

Ај сеа шала на страна. Да му поверувам дека е у Будимпешта, да речеме, и дека стварно имал закани по живот шо сериозно треба да се сфатат, едно не ми е јасно: не беа доволно телохранителите шо сам си ги одбра, а ги плаќа државата? Сите други што лежат затвор или ќе лежат ( ако лежат, де ) за негова кауза – смрдат? Тие немаат или немале наводни закани, а може и вистински, да не грешам душа?

Со барање азил ( оти нели реков да речеме дека му верувам ) 10 години има забрана за пристап овде. Со чии пари ќе врзи крај со крај? Како ќе биде верен на Македонија?Другари, потфрлија сите. И судство, и полиција и политичари. Ова не смееше да се случи, а еве, бујрумте, видете, баш се случува во моментот. Кој ќе застане еднаш напред да го води овој народ на патот до успехот и истовремено назад да му го штити грбот од сите што фрлаат ножеви по него? И ако има таков, кој не се прчи говорејќи за политички прогон, ниту алудира на евентуални апсурдни плаќања оштети на осудени лица, да не речам криминалци, кој не е уште свесен дека сите постави на режимот и година ипол по неговото паѓање уште функционираат како да се недопрени, оти не се допрени уствари, шо чека за да му вдахне малку надеж на ова парче земја?

Ќе се зезаме ние уште многу на тема богот Гру, ама на овие легитимни прашања некој мора да одговори. Резил сме. Резил.

Автор: Сафо