Забрана за тешки товарни возила на патот Крива Паланка – Деве Баир
Од 14.10 часот се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир, информираат од АМСМ.
Претходно беше соопштено дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози.
Од АМСМ потсетуваат дека од 15.11.2023 година почна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.3.2024 година.
