ЗАЕВ: ИЗБОРОТ НА ВИСТИНСКАТА ОДЛУКА Е ЈАСЕН
Премиерот на Република Македонија Зоран Заев од собраниската говорница ги повика пратениците да ги поддржат уставните измени. Тој изјави дека вистинскиот избор е гласот за европската иднина на Република Македонија. Заев им порача на пратениците дека сега треба да одлучат за иднината на своите деца. Заев го нарече гласањето од Бога дадена чест и одговорност. Премиерот изјави дека пратениците имаат обврска да ја исполнат волјата на народот, а таа е јасна подобар живот за сите. Заев им порача на пратениците дека имаат шанса да покажат дека се одговорни политичари.