ЗАЕВ: ЌЕ НАЈДЕМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, ЗА ДВЕТЕ СТРАНИ ДА БИДАТ СРЕЌНИ

Премиерот Зоран Заев денеска изрази уверување дека со Бугарија ќе се најде решение со кое двете страни ќе бидат среќни и рече дека Бугарија ги поддржува евроинтегративните процеси на земјава.

-Верувам дека ние како премиери, така и нашите министри ќе водат грижа дека на крајот треба да се договориме и да најдеме решение каде што двете страни ќе бидат среќни, ќе продолжиме низ самите тие решенија да го унапредуваме и зацврстуваме пријателството и добрата соработка меѓу двете земји, рече Заев.

Повтори оти планира првата официјална посета како премиер во вториот мандат да ја направи на Бугарија.

„Бугарија ни е голем пријател и секако мораме да бидеме и внимателно поставени и пријтелски поставени со оглед на околностите, таму граѓаните изразуваат незадоволство пред бугарскиот Парламент и нашата намера за средба е отворена во зависност од тоа кога ќе се создадат услови. Ние не сакаме да предизвикаме никаква непријатна ситуација или раздазливост заради тоа што таму се отворени други теми кај граѓаните. Како што и тие беа внимателни кај нас имаат трпение да завршат изборите“, оцени Заев.