| |

ЗАЕВ: НИЕ НИШТО НЕ ПРЕКРШИВМЕ ОД ДОГОВОРОТ, НО БУГАРИЈА НЀ БЛОКИРА

„Ја имаме првата блокада од Бугарија. Денеска е прекршен членот 2 од договорот, ние ништо до сега не прекршивме. Ова е прво непријатно чувство. Треба да бидеме паметни и да го решиме спорот на пријателски начин, денеска е испратена не така пријателска порака од соседна Бугарија првиот чекор е блокиран. Членот два од Договорот за добрососедство вели дека Бугарија треба да не поддржува кон патот за интеграција. Бугарската страна ќе го сподели своето искуство со цел да и помогне на Република Македонија да ги исполни неопходните критериуми за членство во Европската Унија и ќе ја поддржи Република Македонија за добивање на покана за членство во НАТО согласно соодветните одлуки од средбите на врвот на НАТО“, стои во членот 2 од Договорот за добрососедство со Бугарија. Среќен сум што ја имаме поддршката од страна на Германија, изјави Заев како одговор на новинарско прашање  по увидот на магестралниот гасовод Скопје- Тетово- Гостивар.

Слични Објави