ЗАЕВ: ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС НЕ ДАВА РЕЗУЛТАТИ, НО АКО ЗАТРЕБА ЌЕ СЕ ВОВЕДЕ
Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на Сител истакна дека полицискиот час не дава резултати, но доколку има потреба ќе се воведе.
Заев изјави дека најголем дел од вирусот се шири од групирање и неносењето на маски. Тој додаде дека стравот најмногу влијае на почитувањето мерки.
Според премиерот ако се воведе карантин или полициски час, тоа може само додека трае малку да ги намали бројките, но штом се укине тие повторно ќе се зголемат.

