ЗАЕВ: ПРВ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРА ФИЛИПЧЕ И НАШИТЕ ХЕРОИ- МЕДИЦИНСКИОТ ПЕРСОНАЛ

Додека ги чекаме првите вакцини во Македонија, јавноста е заинтересирана за тоа на кој начин ќе се одвива самиот процес и по кој редослед ќе се одвива. Поради тоа премиерот Зоран Заев денеска, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека од функционерите најверојатно прв ќе се вакцинира министерот за здравство Венко Филипче и членовите на Комисијата за заразни болести. Тој истакна дека треба да се почитува редот, односно дека тој не сака да застане пред оние на кои најмногу им е потребна вакцината против оваа болест, а исто така од хуман гест ќе им се отстапи место и на семејствата кои за жал изгубиле некој од семејството од оваа болест.

loading...

-Први секако ќе треба да се вакцинираат нашите херои лекарите, медицинските сестри, здравствените работници, потоа хронично болните. Во редот кај лекарите најверојатно ќе треба да се вакцинира и министерот Венко Филипче, па тој би бил првиот од функционерите. Од хуман аспект се договоривме да се вакцинираат и семејствата кои загубиле човек од пандемијата, потоа возрасните и хроничните болни, истакна премиерот Заев.


loading...

-Јас ќе бидат меѓу првите после министерот. Јас, на крајот на денот сум еднаков како и сите граѓани. Сите знаеме дека колку поскоро ќе се прими вакцината толку побрзо ќе го вратиме животот во нормала. И јас и моето семејство со задоволство ќе ја примиме вакцината, нагласи Заев.